
Македонија
Колумна
НАЦИЈАТА, НАЦИОНАЛНОСТА, НАЦИОНАЛИЗМОТ – ПАТРИОТИЗМОТ И РОДОЉУБИЕТО… ЉУБОВТА И ДУШАТА…
Некој 2017 рече, победата на локалните избори е пораз на национализмот во Македонија!
И молк…
Да чуевме макар и еден збор повеќе, макар и крик како бес од душата поради слободата… За жал, и науката и културата и историјата и политиката останаа и глуви и неми и слепи…
Затоа, нашиов прилог како протест заради вистината! Оставете го настрана комунизмот како светски процес во дваесеттиот век, нешто како и глобализмот денес, време кога ќе изумрат нациите, државите, семејствата, религиите, кога секој ќе работи колку што може, а ќе зема колку што му треба… Така не’ учеа комунистите…
Конечно…
Во светот не постои анационална држава!
Се’ додека постои националноста како припадност на нацијата, ќе постои и национализмот како љубов кон татковината! Национализмот значи патриотизам! Национализмот е родољубие! Национализмот не е грев кон татковината! Национализмот не е омраза кон другите! Впрочем, тој што не ги сака своите, другите пак воопшто! Национализмот не е шовинизам! Национализмот е пежоратив за патриотите од глобалистите кои сакаат свет без нации и држави, свет без граници, даноци и царини, заради профитните интереси на мултинационалните корпорации кои вршат интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка!
Антинационализмот во Македонија е антимакедонизам, со единствена цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Антимакедонизмот е обид Македонија од држава да ја претворат во територија без народ и историја, чии администратори ќе бидат соседните метрополи, бидејќи големите сили веќе еднаш ја поделиле во Балканските војни 1912-1913 со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година со цел конечно затворање на македонското прашање.
Анационализмот е апатриотизам, исто како човек без пасош и без земја на која и’ припаѓа, како човек без љубов и без душа, исто како човек без родители, роднини и другари… И затоа изјавите на Заев: СДСМ повеќе не е македонска партија, на СДСМ не и’ приличи патриотизмот. Лоботомија е од членови на државотворна партија да креирате зомби без срце и душа, гробари на државата Македонија и Македонскиот народ. Не ви требаат извршители и агенти од надвор, сте регрутирале колаборационисти и врховисти он лајн дома.
Во анационалистите тлее омразата и нагонот за војна, поривот за реваншизам и одмазда… Но, ќе дојде ден кога ќе се погледнат во огледало и ќе ја видат сатаната, ќе останат без одговор кои се и што се, кому му припаѓаат, дали воопшто некого сакаат…
И покрај се’ и после се’, после секоја бура… мир, чист воздух и раат на душата…
Ќе дојде ден кога за тој декадентен општествен процес, лидерството на анти-Македонците ќе одговара, бидејќи тоа е злосторство против човештвото, геноцид врз Македонскиот народ, флагрантно кршење на меѓународното право и Уставот, ќе одговараат заради штетите предизвикани по духовното и материјалното културно-историско наследство на Македонскиот народ!
Никогаш не заборавајте:
Со сите разлики меѓу нас Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Кога неа ќе ја нема, ќе не снема во време и простор сите заедно.
И затоа… Македонците пирејот, Македонија фениксот, Македонија е вечен пламен кој не згаснува!
Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Тодор Петров
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.