Владата го стави во мирување прогресивниот данок

Објавил: Македонка Димкин | 1 ноември, 2019 23:21

Толку беше со прогресивниот данок

Фото/Текст извор: ©влада на република македонија

Министерот за финансии, Нина Ангеловска, на прес конференција во Владата рече дека прогресивното оданочување се става во мирување во следните три години.

Таа рече дека анализите со надворешни и домашни консултанти на ефектите од воведувањето на прогресивниот данок на личен доход покажале незначително подобрување на распределбата на доходот, односно намалување на нееднаквоста за помалку од еден отсто, како и даночно избегнување, односно дека се изгубени 50 отсто од даночните приходи кои можеле да се соберат.

Министерот за финансии Драган Тевдовски пре воведувањето на овоој непопуларен данок, објасни дека прагот од 90.000 денари ги опфаќа 1% од најдоходовните граѓани во Република Македонија за кои рече дека имаат даночна ефективна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани, заради што всушност и се воведува праведното оданочување бидејќи како што рече не е фер оние што добиваат од општеството најмногу, да плаќаат најмалку.
„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%“, рече министерот Тевдовски и порача дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста.
Министерот Тевдовски рече дека од воведувањето на прогресивното фер оданочување во буџетот ќе се слеат околу 25 милиони евра со кои ќе бидат финансирани мерки за намалување на сиромаштијата, односно за мерката минимален гарантиран приход со која освен што ќе се извлекуваат примателите на социјална помош од сиромаштија и ќе се подготвуваат за пазарот на трудот.

»Некои даночни обврзници, без оглед дали индивидуи или фирми, ги нема во систем, можеби одлучиле да се префрлат во друг даночен систем кој им нуди подобар третман и услови. Некои даночни обврзници одлучиле дел од своите доходи да ги префрлат на други лица со цел да не го надминат прагот за прогресивната даночна стапка и со тоа направиле фиктивно подобра прераспределба. Според резултатите, овој ефект е особено присутен кај доходите од повремено и привремено вршење на дејност од авторски дела и од закупнини. Данокот на доход од плати е 64 отсто и 4 отсто по основ на други примања, а товарот од прогресивната стапка главно го презеле компаниите или од 70 до 90 отсто – рече Ангеловска.

Прогресивниот данок на личен доход почна да се применува од годинава со стапка од 18 отсто, на праг од 90.000 денари, односно за доход до овој праг се плаќа персонален данок на доход од 10 отсто, а сумата над овој праг се оданочува со повисоката даночна стапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.