
Свет
Вести
Трамп се согласи да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Бајден
„Направете што е потребно за предавање на власта на Бајден, во најдобар интерес на нашата земја“ – напиша американскиот претседател во заминување Доналд Трамп до службата за општа администрација. Трамп и официјално го прифати поразот од претседателските избори и иако тешко, на крај се согласи дека во Белата Куќа останува само еден мандат.
Сега почнуваат протоколите со кои на 20-ти јануари новозибраниот претседател Џозеф Бајден ќе ја даде заклетвата и ќе ја преземе власта. Но, Трамп, иако се соочи со фактите, се уште стои на ставот дека тој и неговиот тим со полна пареа одат напред со доказите дека гласањето преку пошта било неисправно.
Сепак, голем дел од Републиканците ја прифатија победата на Бајден, и не реагираа на обвинувањата за изборен фалсификат. Но, она што го натера Трамп да ја наведне главата беше сојузната држава Мичиген, која последна прогласи победа на Бајден.
ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА МИЧИГЕН ГИ СЕРТИФИЦИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ НА 3-ТИ НОЕМВРИ. ПОТВРДИЈА ДЕКА ДЕМОКРАТОТ ЏО БАЈДЕН ГО ПОБЕДИ ДОНАЛД ТРАМП СО 154 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ. НОРМАЛНО, ТОА Е РУТИНСКИ ПРОЦЕС ВО МИЧИГЕН И ДРУГИТЕ ДРЖАВИ, НО ИМАШЕ МНОГУ ПОГОЛЕМ ФОКУС, МНОГУ КОНРОВЕРЗНОСТИ БИДЕЈЌИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ ОБИДЕ ДА ГИ ПОТЦЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ, НЕ САМО ВО МИЧИГЕН, ТУКУ И ВО ДРУГИТЕ ДРЖАВИ, ВЕЛИ НОВИНАРОТ ВО АП, ДЕЈВИД ЕГЕРТ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.