На снимката наводно Мојсовски, кој важи за еден од најблиските луѓе до министерот, го уценува инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а доколку не го стори тоа го принудува да си поднесе оставка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 11:01

Томе Мојсовски ќе поднесе кривична за неовластено прислушкување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера порталот Лидер. мк објави скандалозна аудио снимка од разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот за земјоделие Трајан Димковски и лице вработено во инспектарот во Охрид се огласи Мојсовски кој се закани дека ќе поднесе кривична пријава до МВР за неовластено прислушкување и тонско снимање.

На снимката наводно Мојсовски, кој важи за еден од најблиските луѓе до министерот, го уценува инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а доколку не го стори тоа го принудува да си поднесе оставка.

Скандалозно е што директно од кабинетот на министерот, спротивно на законите се бара укинување на концесија, а доколку инспекторот тоа не го стори му се предлага да си даде оставка.

Мојсовски по ова тврди дека не му врши притисок на инспекторот туку само му укажувал дека нестручно работи. поред него целата афера била дело на Цветан Трипуновски, дополнителниот технички министер во МЗШВ.

„Кога колега ќе ти зарие нож во грб и удира по честа е ден кој што би сакал поскоро да го заборавам. Денеска ме изненади објавата на ДПМНЕ и нивниот креатор за ширење лаги и невистини во МЗШВ, кој не заслужува ни името да му го спомнам, а во моментот е на работно место заменски министер.Притисоците и заканите не се одлика на Владата предводена од СДСМ. Тоа што е објавено е сосема извадено од контекст и не соодејствува со разговорот меѓу мене и мојот колега Јован Бојчевски, кој е задолжен инспектор по рибарство во Охрид. Најодговорно тврдам дека ниту сум се заканувал на некого ниту сум правел притисоци. Документите што стигнаа до МЗШВ од МВР, укажуваат на непочитување на договорот за концесија и неефикасност во работата на Државниот инспекторат за земјоделство – Сгруга и Охрид и концесионерот на Охридското езеро „Летница-Белвица”, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал. Разговорот беше во контекст да му се укаже на грешките што ги прави, а кои може да ги исправи!Оваа Влада, јас и МЗШВ, никогаш нема да штитиме криминал, законот мора да се почитува, институциите се и мора да бидат во функција на граѓаните. Затоа во интерес на вистината утре ќе поднесам кривична пријава до МВР, за неовластено прислушкување и тонско снимање. Ке оставам на институциите да откријат кој и зошто неовластено снимал, споделувал и објавувал“, објави Мојсовски на својот Фејсбук профил.

Инаку, Мојсовски е истакнат социјалдемократ, барем според она што може да се забележи на социјалните мрежи а во хиерархијата важи за еден од најблиските луѓе на министерот Трајан.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ахмети му порача на Заев дека му ги знае сите слабости, но тој не е како него да зборува јавно, тоа не е машки, рече Ахмети и додаде дека Заев го молел за да го направи премиер.

Ахмети: Заев лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене, јас го направив премиер

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во предизборен настап пред гостиварци рече дека цел свет...

ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши проблемот на граѓаните од Пелагонија и ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп

Се обврзавме на ефикасна и бескомпромисна борба против корупцијата и отстранување...

Тој денеска со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари од власта.

Пола семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ-ова е листата на оние кои добија кривични од Боки 13

Првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13 кој доби 9 години казна затвор за истиот, денеска...

Обезбедување на парламентарните избори, справувањето со пандемијата од Ковид19 и борбата против сите форми на криминал беа темите за кои се дискутираше на овие работни средби.

ЧУЛЕВ: Парламентарните избори се важен показател за правецот во кој ќе се движи нашата држава

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ро рамки на денешните активности оствари...