Валканите испарувања од греењето, автомобилите и електраните се мешаат со ладната влажна магла, пишува Тагесшау, порталот на јавниот сервис АРД, додавајќи дека во петокот поради тоа беа одржани протести во Белград.

Објавил: Весна Петровска | 23 јануари, 2020 15:15

ТОП ТЕМА ВО ГЕРМАНИЈА: „Густ, отровен воздух“ на Балканот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Загаден воздух нема само во Македониија туку речиси во целиот Балкан се борат со шететниот воздух. Скопје неколку пати беше на врвот на најзагадени градови во светот. Загриженоста за загадениот воздух на Балакнот ги заинтересира и германските медиуми.

Медиумите на германски јазик известуваат за „густ, отровен воздух“ на Балканот, за зимски смог кој предизвикува смрт на повеќе илјади луѓе годишно.

Валканите испарувања од греењето, автомобилите и електраните се мешаат со ладната влажна магла, пишува Тагесшау, порталот на јавниот сервис АРД, додавајќи дека во петокот поради тоа беа одржани протести во Белград.

Страшна смрдеа и густ чад

Проблеми со загадениот воздух во зима имаат и други големи градови на Балкан, првенствено метрополите во котлините како Скопје во Македонија и Сараево во БиХ, додава порталот. Се потсетува дека според истражувањата на програмата на ОН за животна средина, очајниот квалитет на воздухот е одговорен за 5.000 смртни случаи годишно во 19 големи балкански градови во кои е спроведено истражувањето.

Балканот е светски првак во загаденост.

Босна и Херцеговина е европски првак по бројот на смртни случаи поради загаден воздух, а на светско ниво е на второ место- зад Северна Кореја. Просечно во текот на една година во БиХ умираат 230 луѓе на 100 илјади жители како последица од загадувањето. Во Германија- 32,5 лица на 100 илјади жители. Ни останатите земји во регионот не заостануваат многу: Албанија е четврта во Европа, а следуваат Црна Гора, Македонија и Србија. Сите земји од Западниот Балкан се на дното на табелата и се најголеми „извозници“ на штетни ПМ2,5 честички во атмосферата. Концентрацијата на овие и на ПМ10 честичките во атмосферата во овие земји често за 10 пати ја надминува дозволената граница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Имено таа ја изведе химната на Хрватска на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ.

Јосипа Лисац заработи кривична поради несоодветно изведување на химната (ВИДЕО)

Пoзнатата хрватската пејачка Јосипа Лисац заработи кривична пријава за изведување...

Со тоа заврши церемонијата на инаугурацијата на Милановиќ како петти хрватски претседател.

Со цвеќе и бакнеж Милановиќ ја испрати Колинда: Хрватска сега официјално има нов претседател!

Зоран Милановиќ, новоизбраниот претседател на Хрватска, чиј мандат започнува на полноќ,...

Весникот пишува дека сосема би било логично, Макрон но и Германија да дадат зелено светло за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

„Катимерини“: Иако Заев го стави знамето на НАТО пред Собрание, тоа нема да му донесе победа

Грчкиот весник „Катимерини“, денеска објави дека тоа што поранешниот премиер на државата...

Србија и Косово потпишаа декларација со намера за воспоставување железничка линија меѓу Белград и Приштина, како и за завршување на изградбата на автопатот меѓу двата града.

Србија ќе го признае Косово?

Србија и Косово потпишаа декларација со намера за воспоставување железничка линија...