Живот
Убавина
Овие прекрасни раси на кучиња се стари повеќе од 14 илјади години. Сите се посебни и мили на свој начин меѓутоа има и специјални раси, што се издвојуваат по својата големина, специфичност и интелегенција.
Тие се препознатливи по својата убавина и голема наклонетост кон човекот и околината. На овие прекрасни раси веруваме дека никој не може да им одолее.

1. Лабрадор
Оваа раса е на прво место по бројност во Америка. Позната е по својата дружељубивост и насмеаното лице. Лабрадорите можат да се најдат во три бои: жолта, црна и чоколадна. Тие се исто така познати по тоа што сакаат да пијат многу вода, пливање а и крзното им е отпорно на вода. Голема е раса и можат да тежат од 30 до 35 кг а да растат од 34-57 сантиметри.

2. Германски овчар
Прекрасен пес кој е воспитан за чување на домашни животни. Тој има голема способност, брзина и добар слух и мирис. Овој пес се користи многу за потреба на полиција и војска, како на пример за барање на дрога и криминалци. Исто така помага на слепи луѓе како водич. Германски овчар се покажал како верен и многу интелигентен пес.
4. Акита
Акита е една позната раса која потекнува од Јапонија и важи како еден од националните симболи во Јапонија. Оваа раса на кучиња се доста големи, јаки и брзи. Тие се многу тивки и ретко лаат. Премногу се чисти и се многу поврзани со својот газда. Спрема луѓе што не ги познава не е наклонет баш добро и му треба време да се социјализира со нив. Можат да достигнат тежина од 45 до 60 кг.

5. Сибирски хашки
Сибирски хашки е многу вреден пес со средна големина и има потекло од Аљаска. Неговото крзно може да биде бело-црно, а бојата на очите плава што е карактеристично за оваа раса. Тој има дупло крзно и многу се прилагодени да живеат на ладно. Животна граница на оваа раса изнесува помеѓу 12 до 15 години. А неговата тежина измеѓу 20-27 кг. Типично за овај пес е неговото елегантно одење и неговата енергија.

3. Швајцарски планински пес
Неговото потекло е од Швајцарија поточно на Алпите и дресиран е така што може да се прилагоди на многу тешки услови за живот на планина. Тие се многу добри куќни чувари а неговиот животен век во просек износи помеѓу 7 и 9 години. Има прекрасно влакно и многу е сигурен во себе и во своите способности. Не лаат многу што е одличен љубимец за мали деца.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Убавина
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.