Очите на целата јавност се вперени кон Јанева па многумина се прашуваат – каква роденденска желба ќе посака, после срамотниот скандал во која беше вмешана заедно со Боки 13 и уште неколку лица?

Објавил: Перо Милчин | 9 февруари, 2020 15:31

ТОРТА ВО КУЌЕН ПРИТВОР: Јанева слави роденден – каква ли желба ќе посака?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екс специјалната јавна обвинителка и обвинетата во аферата „Рекет” Катица Јанева, денеска во куќен притвор го слави својот 55 роденден.

Очите на целата јавност се вперени кон Јанева па многумина се прашуваат – каква роденденска желба ќе посака, после срамотниот скандал во која беше вмешана заедно со Боки 13 и уште неколку лица?

Катица Јанева е поранешен специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија.

Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.

Во 2018 година сестрата на обвинителката Јанева, Лилјана Делиакова е предложена од страна на Владата, а од Собранието е избрана за заменик-претседател на Комисијата за хартии од вредност.На позиција претседател на Комисјата е избрана Нора Алити (поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на лидерот на ПДП Абдурахман Алити)
Според изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, но и според законот за СЈО сите[7] Катица Јанева е единствената која има право да донесува одлики во име на СЈО. Во ова спаѓаат и одлуките за излегување од притвор и негова замена со домашен притвор, како и за враќање на пасошите на Сашо Мијалков и Јордан Камчев.
Оставката на функцијата специјален јавен обвинител ја поднесува на 15 јули 2019 година, неколку часа пред започнување на прес конференцијата од страна на (реовното) Основно јавно обвинителство во која двајца се осомничени за изнудување на големи суми на пари за влијание врз некој јавен обвинител.

На конференцијата за печатобвинителката Вилма Русковска вели дека:

„Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истрага да се олесни постапката на едно осомничено лице, а второто лице континуирано договарало средби. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и барале 1.500.000 евра за да го искористи тоа влијание.

Конечно, но не и неважно – што ли значеше онаа загадочна реплика „Заев заврши“, од устата на обвинетата Катица Јанева? Ќе пропее ли и Катица Јанева?
Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег.

Тие пари, во два наврати им се исплатени. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре предистражната постапка, а доколку таа не биде запрена, за делото да има олеснителни околности, тогаш тој требало да им исплати 5.000.000 евра, во кои влегувале и претходно дадените пари. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири рати.“
Истиот ден (15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.
Утредента (на 16 јули 2019) дел од вработените (обвинители и друг персонал) од СЈО одржуваат конференција за печат која ја предводи обвинителката Ленче Ристоска. Таа конференцијата за печат ја започнува со зборовите:

Денес не стојам само во мое лично име тука, туку стојам во име на сите обвинители кои се зад мене, како и на дел од обвинителите кои ни се на годишен одмор. Тоа се: обвинителот Рустени, обвинителот Донев и обвинителката Фетаи меѓутоа стојам и во име на целиот истражителски тим и во име на цеокупната стручна служба од ова јавно обвинителство.“

На 21 август 2019 година била приведена и однесена во Кривичниот суд, каде се задржала до 19 ноември 2019 година кога била пуштена во куќен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.