Без јавување од Катица Јанева, Боки 13 не можел да го спроведе поткупот !

Објавил: Узунов Бобан | 19 август, 2019 16:01

Тортевски: Без јавување од Катица Јанева, Боки 13 не можел да го спроведе поткупот !

Фото/Текст извор: ©магазин

По се изгледа дека ова ќе биде одлучувачка недела за случајот „Рекет“ и за тоа дали предметот ќе се прошири на нови осомничени. Шоуменот Бојан Јовановски и неговиот соработник Зоран Милевски Кичеец, се во притвор веќе еден месец, а јавноста е нетрпелива да дознае кој се е вмешан во аферата. Утре на распит кај обвинителката Вилма Русковска, ќе се јави и нејзината колешка, шефицата од СЈО, Катица Јанева, по што ќе се знае дали специјалната јавна обвинителка ќе добие статус на осомничена.

Јавноста будно го следи овој случај, кој предизвика силни потреси и кај власта, поради блискоска на високи функцинери од Владата на Заев со првоосомничениот. Падот на Боки Тредичи фрли црна дамка на Специјалното јавно обвинителство, а се заканува да ја разниша и Владата.

Но изминативе недели постојано се поставува прашање, на кое утре најверојатно ќе има и одговор. Зошто Јанева до сега не беше повикана на распит и зошто се доби впечаток дека се калкулира со нејзиното ставање под истрага?

Во јавноста се уште се поставуваат прашања дали некој ја штити Јанева, а се позасилени се шпекулациите за наводни материјали кои компромитираат високи функционери. Дали постои уцена за спас на обвинителката?

Адвокатот Александар Тортевски, смета дека рекетарската мрежа не би можела да биде изведена без амин од специјалната јавна обвинителка. Според него двајцата осомничени морале да имаат поддршка за да го изведат земањето поткуп од милиони евра.

-Мојата интуција ми вели дека Боки без јавување од Катица Јанева, не можел да го спроведе поткупот. За мене тоа е поткуп, а не рекет. Тој не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега е некоректен притисок кон обвинителите – вели Тортевски.

Тој додава дека за Јанева е отежнителна околност тоа што е шефица на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи нејзината одговорност е поголема.

-Треба да оставиме и да видиме истрагата што ќе покаже. Ако има сериозни индиции дека Јанева е вмешана, тогаш треба да се покрене кривична постапка, бидејќи она таа е најодговорен функционер за гонење криминал. Затоа недозволиви се било какви попусти кон неа. Таа е во отежнителна ситуација. Сепак, најважно сега е да имаме коректно спроведена постапка во која ќе се утврди вистината – посочува Тортевски.

Од тоа како ќе се развива случајот, ќе зависи и развојот на настаните на политичката сцена во земјава. Во политичките кулоари подолго време тема на разговор е опстанокот на СДСМ и дали Заев ќе може да ја преживее аферата. Според Тортевски дружењето со опскурен лик со сомнителен бекраунд повлекува политичка одговорнст за функционерите кои често беа гледани во негово друштво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...