Експремиерот Никола Груевски во неколку наврати зборуваше за заканите кои му биле упатувани доколку појде во затвор, дали е ова сега одмазда кон него?

Објавил: Македонка Димкин | 21 февруари, 2019 16:14

Тортура: Миле Јанкавиески претепан во затворот во Шутка и пренесен во болница

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во болница откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље – дознава Економски Лидер од извори во затворот.

Миле Јанакиески имал и скршена рака при тепањето, однесен е во Болницата 8-ми септември во Скопје, за снимка и ставање гипс.

Освен Јанакиески, нападнат бил и Спиро Ристовски на кој исто така синоќа му беше одредена мерка притвор. И Спиро се здобил со повреди.

Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

За инциденото известуваат сите медиуми но сеуште нема детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но наводно  инцидентот се случил во дворот на затворот во Шутка.

Експремиерот Никола Груевски во неколку наврати збпруваше за заканите кои му биле упатувани доколку појде во затвор, дали е ова сега еден вид одмазда, кога неможе на Груевски да се удира по неговите најблиски соработници?

Поради сензибилноста на инфомациите кои сеуте не се потврдени од МВР, информациите ги пренесуваме со доза на внимателност.

Следуваат повеќе информации….

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...