Македонија
Вести
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден на востанието на македонскиот народ.
Делегацијата положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје во знак на сеќавање на храбрите борци од 1941 година, кои го почнаа организираниот отпор против фашизмот.
„Нивната борба и саможртва го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес. Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата, еднаквоста и почитта кон сите граѓани. Благодарение на тие херои, денес имаме наша слободна и суверена Македонија. Нека нивната храброст биде наша инспирација за подобра и посветла иднина!“, нагласи министерот Тошковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.