МВР

Објавил: Калина Мартинска | 16 март, 2025 17:21

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека меѓу приведените има и починати лица кои биле организатори на концертот во дискотеката, но настрадале во пожарот. Неколкумина од осомничените се повредени и се во болница.

Повеќе од 20 лица се осомничени, околу 15 лица се наоѓаат во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, согласно сомнението кои што ги имаме досега од аспект на осомничените, дел се во болница, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.

Тошковски посочи дека меѓу приведените е и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување во чиј мандат до минатата година имало пропусти со контролата и со противпожарни проверки и инспекции, за што надлежна е токму таа дирекција.

Осомничен и приведен е и поранешен државен секретар во Министерството за економија како и раководител на сектор во истото министерство кое е задолжено за издавање лиценци.

Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 карти биле продадени, согласно информациите што ги имаме добиено, објави министерот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести