Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди.
Впрочем, тоа го покажавме во текот на вчерашниот ден дека полицијата е спремна, зрела, професионална да одговори на сите предизвици, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информирајќи ја јавноста за 8 приведени лица по вчерашните инциденти.
Упсени се осум лица, за четворица од нив им се заканува затвор од најмалку 1 година
-Полицијата реагира соодветно, професионално и зрело на сите предизвици кои се поставени пред неа. Времето на „како до сега“, крив е Пајакот, времето на крив е кабелот заврши. Имаат сите имиња и презимиња, овие сторители на конкретно кривично дело и ќе одговараат, вели Тошковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.