Собранието со седум гласа „за“, 63 „против“ и без ниту еден воздржан ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Интерпелацијата ја поднесе Европскиот фронт, а не доби поддршка ниту од опозициската коалиција предводена од СДСМ и од Левица.
Не помина интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.
– Секој што згрешил, ќе одговара, а и сите што ќе запалат знаме на кој било етникум и притоа има докази ќе завршат во затвор. Тоа не е закана. Во врска со 28 ноември, Македонецот кој го запали албанското знаме истиот ден беше спроведен пред надлежен орган, а следниот ден беше во притвор, а во притвор завршија и тројцата Албанци кои го запалија македонското знаме, подвлече министерот.
Тој информира дека откако е министер за внатрешни во земјава е намален бројот на убиствата и криминалот, за 17,8 е намален бројот на жртви од убиства, а за 35 проценти е намален и бројот на кражби.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.