
Македонија
Вести
Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи соопшти нови детали во врска со трагедијата во Кочани.
„Идентификувани сите 59 лица. Повредени се вкупно 196 лица, од кои 80 транспортирани во странство. Што се однесува до превземени мерки за расчистување на овој случај, досега се приведени 18 лица, задржани се 16 лица од кои последното задржано лице се терети за тешки дела за предизвикување општа опасност, а истото е потписник на основен проект за издавање на кабаре клуб, еден од документите кои се потребни за кабаре клубот да биде ставен во функција. Постојат основи кои одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круциални документи кои биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во фунцкија на кабарето.
Извршени се разговори со 81 лице, за 14 лица изречена мерка притвор во траење од 48 часа. На 11 лица им е одредена мерка притвор тешки дела против општата сигурноост, додека три лица им е одреден притвор поради несовесно работење.
Извршение се претреси на 2 лица вработени во Министерството за економија поврзани со предметно кривично правниот настан, при што се одземени документации, муниција, оружје. Извршени претреси кај управителот и одговорнотло лице на дискотеката, а полициски службеници влегоа и во општината и се прземаат мерки и кативности во насока на презамање документи во врска со дискотеката. Кај уште едно лице од министерството за економија извршен е претрес, значи ова е плус уште едно од оние две претходно“, рече Тошковски, кој потврди разрешувања на началници во СВР Штип и ОВР Кочани.
„За да обезбедиме целосно независна истрага, доенсов одлука за разрешување на началници од СВР Штип и ОВР Кочани. Ваква одлука не пријудицира вина кај нив, туку сметам дека ќе придонесе истрагата да оди во виситнска насока, односно со поставување луѓе кои немаат лични и професионални односи со некои лица од околината“, изјави Тошковски.
Тој кажа дека е информиран за бензинската пумпа во близина на дискотеката, но дека нема врска со менаџерската структура на дискотеката.
„Не е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура, согласно првичните разговори“, рече Тошковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.