
Македонија
Вести
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски излезе во јавност со дополнување на претходните информации што ѝ беа дадени на јавноста.
Тошковски рече дека МВР и другите служби веќе вршат разговори со хоспитализираните лица кои се контактибилни, а меѓу нив и со еден од членовите на бендот ДНК што настапувал во дискотеката во Кочани којашто рано утрово се запали. Тој рече дека во моментов е распишана потерница по четири лица.
Освен тоа, Тошковски рече дека МВР во координација со Јавното обвинителство постапуваат и во Министерството за економија од каде се одбезбедува документација за дискотеката како и за лица поврзани со неа.
„Вклучени се буквално сите кои имаат каква било врска во процес на контрола, конкретни процесни дејствија кои можеме да ги пренесеме. Се анализира буквално се што може да биде поврзано со овој ужаден настан – како во делот на градежно-техничка документација, така и на потребните предуслови за ставање во функција на таков објект, како во делот на соодветни лиценци кои би требало да ги поседува истиот, како во делот на конкретно постапување за врме на настанот, обезбедување на истиот итн. “ рече Тошковски.
Според досегашните информации, починале 59 лица, од кои идентификувани се 35, а од нив 31 лице е од Кочани и четири од Штип. Бројот на повредени досега е 155 лица кои се распоредени низ болниците во земјата. Еден од починатите е и припадник на полицијата од Пробиштип кој бил ангажиран за контрола на наркотици и присуство на малолетници во дискотеката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.