МВР со општините

Објавил: Калина Мартинска | 17 февруари, 2025 9:28

Тошковски со градоначалниците на Центар и Кисела Вода во ноќна патрола – Има ли млади вандали во доцните часови?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Градоначалниците на Кисела Вода и Центар, Орце Ѓорѓиевски и Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, синоќа беа излезени на терен со цел да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција.

„Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведовме заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Претходно, одржавме и координативен состанок во полициската станица во Центар за нашите заеднички заложби.

Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција.
Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите.
Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.

 

Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите. 

 

Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.

Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите. Голема благодарност до министерот Тошковски и сите припадници на безбедносните сили за поддршката, објави Ѓорѓиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.