Кандидат за министер за внатрешни

Објавил: Калина Мартинска | 16 јуни, 2024 22:40

Тошковски: Ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата функција во новата Влада.

-Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас, напиша Тошковски.

Тој се заблагодари на Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која му ја укажаа.

-Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.