Во текстото се вели дека минатата седмица во Министерството за надворешни работи на Грција се одржал состанок под шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со учество на високи дипломати, а целата била „да се разгледаат следните чекори од Атина, земајќи ги предвид изјавите на Зоран Заев за евентуално замрзнување на дел од Договорот од Преспа, а поконкретно одредби поврзани со отворање на пристапнте поглавја“.

Објавил: Весна Петровска | 4 ноември, 2019 11:07

„То Вима“: Следните потези на Атина за Скопје и Тирана по француското вето

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

 Атина планира конкретни потези во следниот период со цел да ја потврди надградената улога што се обидува да ја има на Балканот и да спречи развој на настаните, особено во Северна Македонија, кои би можеле да бидат против грчките интереси, пишува весникот „То Вима“ во текстот под наслов „Иницијатива со двојна цел на Балканот – Следните потези на Атина со Заев и Рама по француското вето“, анализирајќи ги следните чекори и ставот на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстото се вели дека минатата седмица во Министерството за надворешни работи на Грција се одржал состанок под шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со учество на високи дипломати, а целата била „да се разгледаат следните чекори од Атина, земајќи ги предвид изјавите на Зоран Заев за евентуално замрзнување на дел од Договорот од Преспа, а поконкретно одредби поврзани со отворање на пристапнте поглавја“.

-Генералната проценка што беше формирана е дека тврдиот став на францускиот претседател ја убива агендата на Солун од 2003 година, што беше еден од најважните моменти од грчката дипломатија. Поради тоа, грчката влада треба да најде начини на пристап како со Северна Македонија, така и со останатите земји од таканаречениот „Western Balkans 6“ со цел да се потврди водечката улога на Грција во регионот, пишува „То Вима“.

Весникот додава дека во овој контекст, Атина разгледува начини за координирање на активностите и со другите балкански земји членки на ЕУ-Бугарија, Хрватска и Словенија, а Грција веќе презела и директни чекори и кон Скопје и кон Тирана, меѓу кои и „неформални телефонски контакти со Северна Македонија, кои ќе се интензивираат во следниот период“.

Новинарот ги анализира и внатрешно – политичките случувања кај нас, вели дека грчкото МНР ги следи настаните, а кај Атина постои и загриженост за „изјавите кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ за постизборната позиција на партијата во случај на победа на изборите и последиците за билатералните односи“.

Според „То Вима“, пораката што Грција ја испраќа до македонскиот премиер Зоран Заев е дека „усвојувањето на националистичка реторика нема да му помогне да се соберат гласачи“.

-Напротив,  Атина бара од господинот Заев да инсистира на потребата за приближување кон Европа и за спроведување на одредбите од Договорот од Преспа, пишува „То Вима“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Проф. Јанев: Не постои човечко суштество со здрав разум кое би гласало за СДС!

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака...

На 15 јули мнозинството граѓани ги порази деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а по победата, ние како одговрна партија, како одговорна коалиција ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе, тврди Заев!

ЗАЕВ: Остануваат 22 дена до денот на победата на СДСМ и Коалицијата!

За 22 дена од сега, граѓаните ќе потврдат дека грижата за здравјето, развојот на економијата,...

-Во моментов во тек се консултации со академската заедница, невладините организации – рече Ахмети, додавајќи дека имаат неколку имиња за кандидат за кои се консултираат.

ДУИ ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања

ДУИ ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања, најави партискиот...

15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција, тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

ЗАЕВ: 15 јули, денот на изборите ќе биде неработен ден за сите граѓани во Македонија!

СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто...