„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму?

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 февруари, 2021 6:05

Травари: Кога се превземаа вакцините од Србија не требаше пола влада да оди на Табановце

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, смета дека пристигнувањето на вакцините од Србија било доволно да се одбележи со една вест, но не, како што вели, половина од Владата да оди на Табановце.

„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму?

Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс на телефон и ги гледам броевите дека Македонија е во системот Ковакс. Министерот рече дека нарачавме над 800 илјади вакцини преку системот Ковакс и сега гледам, резервиран број за Македонија е 103.200 вакцини – рече Таравари на Алсат М.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев минатата недела на граничниот премин Табановце-Прешево го пречека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој во нашата земја ја донесе пратката вакцини што оваа наша соседна земја ја издвои на Македонија.

На церемонијата на примопредавањето, на која учествуваа и првиот  вицепремиер во Владата Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар премиерот Заев и претседателот Вучиќ одржаа прес-конференција по повод овој чин на драгоцено пријателство, како што го оцени Заев, со кој Република Србија и српскиот народ солидарно споделува дел од своите вакцини со народот на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...

Мерките за заштита од Ковид-19 придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: ЗА 92,55 ОТСТО ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ ОД СЕЗОНСКИ ГРИП, ВО ОДНОС НА МИНАТАТА ГОДИНА

Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е...