Спасувачите извлекоа најмалку 20 лица од урнатините.

Објавил: Перо Милчин | 22 мај, 2020 16:25

АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Авион со 107 патници се сруши во Пакистан!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Авион на пакистанската национална компанија, со 99 патници и осум членови на екипажот, се урнал пред да слета на аеродромот во Карачи.

Авионот се урна во станбена област позната како Model Colony, а на снимките се гледа дека станува збор за Airbus A320.

Спасувачите извлекоа најмалку 20 лица од урнатините. Очевидци тврдат дека виделе како авионот три пати се обидува да слета во Карачи.

Во меѓувреме се појавија видеа на местото на уривањето, каде што се гледа дека се срушени куќи и запалени автомобили.

Цивилните воздухопловни власти известија дека неколку минути пред уривањето, пилотот пријавил дека отпаднал еден од моторите на авионот, по што воздушната контрола го информирала дека двете писти на аеродромот се зафатени. Еден од локалните жители изјави дека видел како авионот прави најмалку три круга обидувајќи се да слета, по што во падот удрил во неколку куќи.

Агенцијата Associated Press повикувајќи се на изводи во агенцијата за цивилна авијација на Пакистан, пренесува дека најмалку две лица од авионот преживеале, додека агенцијата Reuters која се повикува на информација од локалните власти, хаваријата ја преживеало едно лице.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Засега нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, но неофицијално, таква информација веќе е стигната и до македонското МНР.

Неофицијално, една од жртвите во Виена е од струшко Велешта

Eдна од жртвите во синоќешниот терористички напад во Виена е со потекло од село Велешта,...