
Македонија
Вести
Осумгодишно дете вчера беше донесено во Здравствениот дом во Неготино без знаци на живот, информираа денеска од таа јавна здравствена установа, објави 21 тв!
По повод смртта на осумгодишното дете, со соопштенија излегоа и од Јавното обвинителство. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото на кое починало осумгодишно дете вчера во Неготино.
Според сознанијата добиени на лице место, осумгодишното дете по завршување на училишниот ден, било оставено на чување кај роднини. Заедно со уште четири други деца седеле на ѕид со висина од околу 70 сантиметри на еден од дворовите и разговарале. Во близина биле и неколкумина возрасни. Во еден момент детето се пожалило дека му е лошо, по што паднало од ѕидот. Возрасните го пренеле во болница, каде и покрај обидите за реанимација била констатирана смрт. Од извршениот увид на лице место и разговорите со сите сведоци на настанот, не произлезе никакво сомнение дека смртта е резултат на кривично дело. Родителите на детето исто така во разговор со јавниот обвинител изјавиле дека не се сомневаат оти причината за смрт би можела да биде кривично дело, велат од Службата за односи со јавноста при Републичкото јавно обвинителство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.