Очевидци тврдат дека незадоволниот гостин во ресторанот го застрелал 28-годишниот келнер во грбот.

Објавил: Перо Милчин | 17 август, 2019 17:27

ТРАГЕДИЈА: Гостин во француски ресторан уби келнер поради сендвич!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што објавија француските медиуми, гостин во еден француски ресторан уби со огнено оружје келнер, бидејќи предолго чекал да му биде направен нарачаниот сендвич.

Инцидентот се случил доцна  синоќа во едно предградие на Париз. Очевидци тврдат дека незадоволниот гостин во ресторанот го застрелал 28-годишниот келнер во грбот.

Радио-станицата France Info, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата, јавува дека инцидентот се случил во петокот вечерта по 21 часот по локално време. 

Куршумот предизвикал сериозна повреда и екипата на итна медицинска помош, која пристигнала на местото на инцидентот, само констатирала смрт. Напаѓачот избегал, а полицијата трага по него.

Според информациите на весникот Parisien, починатиот келнер од ресторанот „Le Mistral“ бил на 28-годишна возраст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

„Полициски службеници уапсија 35-годишник од Мала Суботица под сомнение за убиство“, соопшти полицијата.

УБИЕНА МАЈКА НА ДЕВЕТ ДЕЦА ВО ХРВАТСКА: Невенчаниот сопруг после расправија ја убил со нож

Виолета О(37), мајка на девет деца, беше убиена во хрватско Меџугорје, а осомничениот...

Претставникот на полицијата Рајеш Синг изјави дека 10 лица починале на местото на настанот, а четворица починале во болницата.

Тешка несреќа во Индија: Се судрија камион и автобус – загинаа 14 лица, 35 се повредени(ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а 35 повредени во судир со автобус и камион во северна Индија,...

Таткото е единствениот преживеан од пожарот што го „проголта“ нивниот дом во Клинтон.

ГОЛЕМА ТАГА: Мајка и 6 деца изгореа во пожар- пламенот избил во семејната куќа, преживеа само таткото

Мајка и нејзините шест деца, вклучувајќи и едногодишно бебе, загинаа во пожар што избувна...