По Даниела Пецевска се трагаше од 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг.

Објавил: Македонка Димкин | 17 февруари, 2019 22:56

ТРАГЕДИЈА: ЗАВРШЕНА ОБДУКЦИЈАТА НА ПОЧИНАТАТА ДАНИЕЛА ПЕЦЕВСКА ОД СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче, е на 39-годишната Даниела Пецевска од Драчево, потврдија од МВР за МИА. И покрај шпекулациите дека деновиве била видена во Битола, таа вчера била пронајдена мртва во водите на Вардар.

Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство, но се испитуваат причините за смртта, велат од Министерството за внатрешни работи.

По Даниела Пецевска се трагаше од 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг. Тој ден не се појавила на работа и оттогаш ѝ се губи секаков траг. Недостапна беше на мобилен, а последно разговарала со родителите кои ги информирала дека е на работа на “визита” и дека не може да зборува.


Сопругот Дамјан Пецевски веднаш заедно со блиските побара помош и преку социјалните мрежи. Даниела е по потекло од Кичево, мажена беше во Скопје, мајка на три деца од кои две се малолетни.


Таа била вработена како медицинска сестра во Клиниката за гинекологија во Скопје. Сите роднини, пријатели и колеги ја посочуваат како прекрасна личност која секогаш на сите им помагала и со никого нема никаков проблем. Немаше ниту семејни проблеми.

Во наредниот период ќе бидат објавени причините за смртта откако ќе бидат утврдени од Министерството за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...