Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јануари, 2021 20:24

ТРАГЕДИЈА: Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден со куршум од ловечка пушка во атарот на селото Витолиште, Мариово, објави Сител!

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.

 

– Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите, соопшти Стаматова.

 

Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.

 

Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт.

Д-р Костов за самоубиството: Страшно и тажно, беше пациент под психијатриски надзор

Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи...

Пациентот се фрлил од првиот кад на Ковид-центарот и не го преживеал падот. Неофицијално, пациентот бил хоспитализиран неколку дена и имал психички проблеми.

Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во ГОБ „8-ми Септември“ се...