По 23 дена борба за живот на скопската клиника (КАРИЛ) Перица Велковски им подлегнал на повредите.

Објавил: Сара Фемина | 22 мај, 2019 18:51

ТРАГЕДИЈА: ЗГАСНА МЛАД ЖИВОТ, скопјанецот Перица УБИЕН НА СПИЕЊЕ со вратата од гепекот!

Фото/Текст извор: ©вечер

Прерано згасна животот на младиот скопјанец Перица Велковски 02.05.2019 год. Тоа попладне Перица бил на прослава кај негов пријател во населба Карпош, Куманово каде по сплет на околности бил присутен обвинетиот Р.С (22) , кого Перица што туку го запознава.

Во заедничка веселба и дружба заедно со другарите и обвинетиот Р.С ги поминуваат остатокот од денот и ноќта . Во текот на ноќта Перица и Р.С имале вербална и физичка пресметка која била решена со прегратка и помирување. Дружењето продолжило и никој не би можел да наговести што се крие под прегратките , лукавоста и желбата за одмазда на обвинетиот Р.С.

Прерано згасна животот на младиот скопјанец Перица Велковски 02.05.2019 год.

Пред да се упатат назад кон Скопје другарите , Перица и Р.С застанале до најблиската бурекџилница за да јадат. Перица останал да спие во автомобилот и им рекол на своите другари да не го будат додека не стигнат назад во Скопје. Откако обвинетиот прв завршил со јадење , злоупотребувајќи ја нивната стекнатата доверба рекол дека му се спие , ќе си оди дома.

Р.С наместо да си оди дома , потајно тој го започнал крвавиот чин упатувајќи се кон автомобилот во кој спиел Перица.

Ја искористил неговата беспомошност , започнал брутално да го убива , знаејќи дека во таков простор мали се шансите да се одбрани. Крвничките удари сепак не биле доволни за обвинетиот Р.С , па ударите засилено продолжил да ги нанесува со петта врата од автомобилот (гепекот) се додека срцето на Перица не престанало да чука.

Ладнокрвно го влечел телото околу автомобилот , при што го фрлил и избегал. По краток миг момчињата кога излегле од бурекџилницата го виделе само безживотното тело на нивниот другар Перица безмилосно оставено на асфалт и веднаш се упатиле кон кумановската болница.
Докторите во кумановската болница веднаш интервенирале , извршиле итна реанимација при што го пренеле во Ургентниот центар во Скопје каде било констатирано дека се работи за многу критична состојба.
По 23 дена борба за живот на скопската клиника (КАРИЛ) Перица Велковски им подлегнал на повредите. Обвинетиот е веќе во 30 дневен притвор а семејството и фамилијата Велковски очекуваат најстрога казна за овој грозоморен и подмолен чин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила

Згасна уште еден живот во Скопје – хаос во главниот град!

Уште една трагедија го потресе Скопје. МВР инфорира за вчерашната состојба на скопските...

Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

ДВЕ ТРАГЕДИИ ГИ ПОТРЕСОА ГРАЃАНИТЕ: Почина бебе во Драчево и загина маж во страшна несреќа!

Во дневниот билтен на МВР имаше трагедии, инциденти и сообраќајки, полицијата со полни...