Полицијата покренала истрага за случајот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 мај, 2019 10:49

Трагедија на Евровизија: На Фулди Шварц му паднал дел од осветлувањето и починал на пат за болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трагедија на Евросонг се случила годинава откако на Фулди Шварц (66) му паднал дел од осветлувањето.

Ова е 64та Евровизија по ред

Несреќата која била фатална за Шварц се случила додека траеле подготовките за Евросонг кој се одржува во Израел, му паднал дел од осветлувањето. Иако екипата на брзата помош веднаш реагирала и тој бил префрлен во болница, сепак не издржал.

Не обвинуваме никој засега, но како е можно на таков голем настан, како што е Евросонг, со толку вложени пари, надзор и сигурност нешто толку страшно да се случи – се прашувале членовите на семејството на починатиот.

Полицијата покренала истрага за случајот.

Инаку ова е 64-та по ред Евровизија, која се оджува во Тел Авив, Израел и за  годинешниот Евросонг 2019 германскиот сценски дизајнер Флоријан Видер доби други насоки: бината да биде „уникатна, иновативна и хајтек“. Видер, кој со години е задолжен за дизајнот на бината за Евровизија, желбата им ја остварил на многу впечатлив начин.

Како што изјави Ејтан Шварц, шеф за односи со јавност на градот Тел Авив, за нив Евровизија не е само натпревар за најдобра песна, туку во Израел тоа е настан од национално значење. Тој истакна дека ова е шанса да се покаже друга слика од земјата во светот: дека е отворена, весела, пријателски настроена кон хомосексуалци, шарена и толерантна. Паралелен свет спрема светот на ултраортодоксните Евреи со нивните строги правила. Свет во кој нема спорна политика за населување, конфликт со Палестинците и бомби од Газа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Градот Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот Фолтин.

СКОПЈЕ СЕ ПРИКЛУЧУВА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА МУЗИКАТА (EUROPEAN MUSIC DAY)

Скопје годинава ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката...

Нашиот талентиран музичар Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска и континуирано работи за многу од најголемите институции како Операта на Малме, театарот НС град Стокхолм, универзитетот на Гетеборг и универзитетот на Лунд.

Благој Ламњов заедно со Шведска филхармонија ја изведуваат македонската песна “Сербез Донка”(ВИДЕО)

Македонскиот кларинетист, Благој Ламњов, кој живее и работи во Шведска на прекрасен...

Васил ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Македонија конечно со светски ХИТ: Васил Гарванлиев со моќно видео на ЕВРОВИЗИЈА(видео)

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата земја на овогодинашната...

Музиката, дури и како хоби, заслужува сериозна работа и посветеност. Бидејќи подразбира создавање некаква убавина. Јас така и приоѓам.

ИНТЕРВЈУ СО ПЕПА ДИМИТРОВА: МУЗИКА ПОТПИШАНА СО КВАЛИТЕТ

На музичката сцена се појави пред околу 6 години и за тој период зад себе има значаен...