Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите.

Објавил: Стојче Бушин | 16 август, 2020 12:24

Трагедија на патот Охрид – Св. Наум: Во тешка сообраќајна несреќа згасна млад живот, повеќемина повредени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска во 01,40 часот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, пренесе Ohrid News!

Во несреќата учествувале патнички возила:

„Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре.

Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид!

Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „Голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „Голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид.

На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

-Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

ДЕТАЛИ ОД МВР за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната...

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Последен пат го видов пред Инфективна, маскиран од глава до пети…

Последен пат го видов пред инфективна, маскиран од глава до пети. Го прашував како им...