Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија" во градот!

Објавил: Стојче Бушин | 3 јули, 2020 17:36

Трагедија на празникот Свети Наум: Се удави човек во Охридското езеро

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро. 

Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија” во градот.

На лице место излезени се екипи на крим техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта.

Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Причините за настапувањето на смртта ќе ја утврди обдукцијата!

Минатата година момче беше пронајдено мртво откако се удавило во Охридско Езеро.

Момчето паднало од педалинката, а по пребарување од страна на полицијата, безживотното тело на момчето е пронајдено.

Надлежните служби ги истражуваа причините за несреќата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Инаку, 16-годишното момче било од Ресен, а несреќата се случила откако се превртела педалинката на која што бил тој заедно со свои двајца другари.

ТРАГЕДИЈА НА ИЛИНДЕН: Шеснаесетгодишно момче се удави во Претор

Младо момче се удавило денеска попладне во водите на Преспанското езеро. Од МВР го...

„На 25.07.2020 околу 12.45 часот било пријавено дека пред зграда на ул.„Крсте Мисирков“ во Велес, Б.П.(46) од Велес се повредил при пад од дрво“.

Правобранителот Борче Пинев од Велес е починатиот дарител на органи

По пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје вчера почина државниот правобранител за подрачје...

Шест пожарникари и едно возило на ТППЕ Струмица интервенирале на местото на несреќата, каде се превртило едно комби возило.

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ СТРУМИЦА: Се преврте комбе- полицијата ги извлекува повредените патници (ФОТО)

Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица...

Откако се утрвдени причините за несреќата, телата на децата се предадени на семејствата.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Две деца на возраст од 14 и 15 години загинаа попладнево на патот Добрејци – Пиперево!

Две деца на возраст од 14 и 15 години загинаа попладнево на патот Добрејци – Пиперево,...