Македонија
Вести
Вчеравечер на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починала родилка, врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво, објави Канал 5 телевизија.
Трагичниот случај за телевизија Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре.
Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка.
Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде денеска на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.
Како што информиравме, повеќе детали од ГАК најавија за утре, а Канал 5 ќе го проследи случајот со повеќе детали во утрешните информативни изданија, најави телевизијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.