Во потрагата по детето се вклучени спасувачи од Франција и Германија.

Објавил: Сара Фемина | 30 мај, 2019 20:05

ТРАГЕДИЈА: Потона чамец во Рајна, се удави цело семејство!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопшти денеска полицијата, три лица загинаа, а едно дете се води како исчезнато по потонувањето на чамец во реката Рајна меѓу Германија и Франција.

Полицијата изјави дека чамецот што тргнал од германското крајбрежје, утрово со четири лица потонал во францускиот град Герцхајм.

Претставник од полицијата рекол дека загинале двајца возрасни и едно дете, а дека друго дете засега се води како исчезнато. Во потрагата по малото дете се вклучени спасувачи од Франција и Германија. 

Се уште не е познато што ја предизвикало несреќата, а не е ни познат ниту идентитетот на жртвите.

 Во потрагата се вклучени хеликоптери, нуркачи, полицајци и пожарникари, објави регионалната француска служба за спасување.

Рајна е една од најдолгите и најзначајните реки во Европа, со должина од 1.230 км и просечен проток од над 2.000 м³ во секунда. Рајна се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Лана е десна притока на Рајна. Нејзиното течение минува низ сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија (23,0 км), Хесен (165,6 км) и Рајнската област-Пфалц (57,0 км).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Авионската база К1 е трета од која меѓународните сили се повлекоа овој месец во согласност со американскиот план за консолидирање на своите сили на две локации во Ирак.

Коалиција предводена од САД се повлече од третата база во ИРАК: Опрема од милион долари предадена на Ирак(видео)

Меѓународните сили предводени од САД се повлекоа денес од воената база во северен...

- Бројот на потврдени случаи на инфекција е помал од 3.000. Ширењето на епидемијата во Кина запре целосно, рече Ми Фенг на брифинг.

НАЈНОВА ВЕСТ: Кина прогласи КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА КОРОНА ВИРУС!

Ширењето на корона вирусот во Кина е запрен, изјави портпаролот на здравствените соработници...