
Свет
Трагедија
Авион марка „Ан-24“ на руската авиокомпанија „Ангара“ се сруши во руската област Бурџатија.
Во руската област Бураџатија се сруши патнички авион “Ан 24„ на руската авиокомпанија „Ангара„. При падот двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот.
Како што известуваат локалните медиуми, сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди.
Несреќата се случила откако на авионот кратко по полетувањето му откажал едниот мотор, па пилотите одлучиле да се вратат од местото на полетувањето.
Авионот додека се обидел да слета, удрил во фабриката за прочистување на вода, по што се запалил. Министерството за вонредни состојби објави дека во авионот имало 46 лица, меѓу кои и четворица членови на екипажот.
Авионот полетал од аеродромот во Нижњеангарск кон Улан Уде.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.