Го држела цврсто а за среќа спасувачките екипи успеале да го извлечат и сега е во добра состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 ноември, 2019 8:57

ТРАГИЧНА ПРИКАЗНА: Бабата со своите прегратки успеала да го спаси внучето од урнатините

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Драматична е сликата по силниот земјотрес кој ги потресе жителите на Албанија. Земјотресот однесе неколку жртви а можеби најтажна вест која ќе ја прочитате денеска е токму тоа дека првата жртва, повозрасна жена чие тело беше извлечено од урнатините во своите прегратки го заштитувала своето внуче.

Го држела цврсто а за среќа спасувачките екипи успеале да го извлечат и сега е во добра состојба.

Земјотресот предизвика големи материјални штети во Драч. Се уште има заробени под урнатините. Најмалку десет лица,кои спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат.

Денешниот земјотрес со јачина од 6.4 степени според Ристер е најсилен земјотрес почувстван во Албанија во последните 30 години. 

Во Драч прстигна и премиерот Еди Рама, минстерката за одбрана Олта Џака и минстерот за внатрешни работи Сандер Лешај.

Сите здравстени установи и другите структури се во мобила состојба, а како што објави министерката за здравство Огета Манастирлиу повредени се околу 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околиите Драч, Тирана и Лежа. 

До сега е објавено дека две деца се спасени и се во добра состојба. На видеото во продолжените погледнете како мало дете под урнатините моли за помош.

Според она што до сега го објавија албанските медиуми полицијата почнала потрага со кучиња во урнат хотел во Драч за да може да се провери ситуацијата без разлика дали има или нема жртви.

Во Дуреш паднала цела петкатница, а од урнатините е спасено едно дете, јавуваат локални медиуми.

Освен во Албанија земјотресот беше почувствуван и кај нас, но речиси и на целиот Балкан.

Силниот земјотрес ги разбуди граѓаните во Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Србија…

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан