Живот
Рецепти
Ајвар е посебен вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија.
Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор – пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента.
Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат.
Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган.

Ви претставуваме традиционален рецепт МАКЕДОНСКИ АЈВАР!
Состојки:
2 средно големи модри патлиџани
4 лажици масло
5-6 лажици сок од лимон
2 лажички сол
1/2 лажичка бибер
Начин на подготовка:
Испечете ги патлиџаните во рерна загреана ан 250 степени. Кога лушпата ќе потемни извадете ги, оставете ги да станат млаки, излупете ги и сомелете ги.
Во масата додајте ги останатите состојки и добро измешајте. Овој ајвар не може долго да стои.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.