Светската здравствена организација е навистина збркана, рече американскиот претседател Доналд Трамп, осврнувајќи се на корона вирусот и се закани дека САД ќе го повлечат своето финансирање.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше Светската здравствена организација и ја обвини дека е премногу лабава кон Кина и давала лоши совет уште од самото избувнување на вирусот.
„СЗО навистина ја уништи целата работа со вирусот. Поради некоја причина, СЗО е финансирана претежно од Соединетите американски држави, а сè уште е многу фокусирана на Кина “, напиша Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека „среќно го отфрлил“ советот на СЗО да ги задржи границите со Кина отворени уште на почетокот на епидемијата и се прашува зошто организацијата дала „такви погрешни препораки“.
Тој на дневниот брифинг за пандемија од коронавирус рече дека ќе размисли дали САД ќе продолжат да го финансираат СЗО.
„Не реков дека сигурно ќе го прекинеме финансирањето, но ќе го разгледаме тоа прашање“, рече Трамп.
Америка е најголем финансиер на СЗО, со платени 57,8 милиони долари од почетокот на годинава, а потоа следува Кина со 28,7 милиони.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.