Забава
ТОП 10 Хотели
Организацијата Трамп сака да ги продаде правата на “Меѓународниот хотел ТРАМП” во Вашингтон, рече за “Vol strit džornal” потпретседателот на компанијата Ерик Трамп.
Компанијата на претседателот на Америка, Доналд Трамп размислува за сума од 500 милиони долари или два и пол милиони по соба, што тој договoр би бил еден од најскапите продадени хотели во историјата.
Откако ја отворивме вратата имаме огромно интересирање за продажбата. Ние се занимаваме со недвижности, секогаш сме спремни да испробаме нови можности. Луѓето се зафркаваат со нас зошто толку заработуваме од хотели, па затоа ние сакаме да го продадеме, рече Ерик Трамп.
Во 1971 Доналд Трамп ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп каде што моментално е извршен директор и претседател. За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на Мис САД и Мис Универзум од 1996 до 2015.
Доналд Трамп исто така го користи своето презиме со цел да брендира голем број на различни производи. Во 2004 година, тој станал водител на Чирак (англиски: The Apprentice), реалити шоу кое што се емитувало на телевизијата NBC од 2004 до 2015 година (сè уште се прикажува како извршен директор на шоуто).
Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од ТОП 10 Хотели
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.