Во своето прво појавување во јавноста по претресот на ФБИ во неговиот дом на Флорида на 8 август, Трамп на митингот во Пенсилванија кажа дека претресот е „травестија на правдата“ и предупреди дека ќе даде одговор каков што никој досега не видел.

Објавил: Перо Милчин | 4 септември, 2022 9:30

Трамп жестоко му возврати на Бајден, нарекувајќи го „државен непријател“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доналд Трамп синоќа го нарече американскиот претседател Џо Бајден „државен непријател“, одговарајќи му на тврдењето дека тој и неговите МАГА-републикански поддржувачи ја поткопуваат американската демократија, пренесе ДПА.

Во своето прво појавување во јавноста по претресот на ФБИ во неговиот дом на Флорида на 8 август, Трамп на митингот во Пенсилванија кажа дека претресот е „травестија на правдата“ и предупреди дека ќе даде одговор каков што никој досега не видел.

-Не може да има поживописен пример за многу реалните закани за американските слободи од оној од пред само неколку недели, гледавте, кога бевме сведоци на една од најшокантните злоупотреби на моќта од која било администрација во американската историја, изјави Трамп, и покрај постојните протоколи со кои Министерството за правда и ФБИ делуваат независно од Белата куќа.

Трамп, пренесе ДПА, на радосните поддржувачи на митингот „Спасете ја Америка“ во Вилкс-Баре им кажа дека „безобразната злоупотреба на законот“ ќе предизвика „жестока реакција каква што никој досега не видел“.

Тој, исто така, возврати на овонеделниот говор на Бајден во кој актуелниот претседател кажа дека неговиот претходник и републиканските поддржувачи „претставуваат екстремизам што им се закануваат на самите темели на нашата република“.

Од Филаделфија, колевката на американската демократија, претседателот Бајден во четвртокот ги нападна републиканците кои ја прифаќаат идеологијата на Трамп „Направи ја Америка повторно голема (МАГА)“ и ги повика своите поддржувачи да возвратат во, како што тој ја нарече „битката“ за душата на нацијата.

Трамп го искритикува говорот на Бајден како „најзлобниот, полн со омраза, кој ја дели нацијата, а го одржал некој американски претседател“.

-Тој е државен непријател. Сакате да ја знаете вистината – тој е државен непријател, рече Трамп.

Републиканците во движењето МАГА не се тие што се обидуваат да ја поткопаат нашата демократија“, продолжи Трамп, кој постојано тврдеше дека претседателските избори во 2020 година, кои тој ги загуби, биле наместени.

-Ние сме тие кои се обидуваме да ја спасиме нашата демократија, многу едноставно. Опасноста за демократијата доаѓа од радикалната левица, а не од десницата, додаде Трамп.

Трамп зборуваше на предизборен митинг пред изборите во ноември, што се на половина од мандатот на Бајден, на кои демократите би можеле да ја загубат контролата врз двата дома на Конгресот, пренесува германската ДПА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Грузија се уште не е членка на ЕУ. Ние сме независна, суверена земја која се стреми кон Европа и сака европска интеграција.

Грузија ѝ одговори на ЕУ: Ќе воведеме санкции за Русија кога ќе бидеме членка на Унијата

Грузија доби официјален демарш од членките на ЕУ поради неодамна обновениот воздушен...

Во меѓувреме, командантот на копнените сили на Украина рече дека украинските сили продолжиле „да се движат напред“ во близина на Бахмут.

Министерството за одбрана на Русија тврди дека го одбиле украинскиот нападот на Доњецк

Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека нејзините сили спречиле голема...

Русија користи ултра прецизни сателити за следење на движењата и акциите на вооружените сили на Украина, што ќе го промени текот на конфликтот во Украина.

Поранешен американски разузнавач: Руската армија ќе ги уништи украинските војници обучувани од НАТО

За време на контраофанзивата, руската армија ќе ги уништи војниците на украинските...