Според него, Компаниите не заминуваат од САД, туку се враќаат назад.

Објавил: Стојче Бушин | 5 февруари, 2020 6:56

Трамп: Од кога сум на власт, САД стана број еден производител на нафта и природен гас во светот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Благодарение на кампањата за намалување на регулаторните прописи, САД станаа број еден производител на нафта и природен гас во светот, нагласи претседателот на САД, во редовното годишно обраќање до нацијата во Конгресот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа неговото трето, годишно обраќање до нацијата во Конгресот пред двата законодавни дома, судии од Врховниот суд, Кабинетот од Белата куќа и армискиот врв.

Трамп, вели дека следен чекор е изградба на општество во кое секој млад Американец ќе стекне одлично образовние и можност да го реализира американскиот сон.

Претседателот во говорот, истакна дека само пред три години наследил менталитет на американско повлекување, но оти ја отфрлил судбината на уназадување на САД, објави Гласот на Америка!

„Веднаш што ја презедов претседателската функција, се насочив кон заживување на американската економија – укинав рекорден број регулативи, спроведов историски даночни кратења и се борев за фер и реципрочни трговски договори“, изјави првиот човек на САД, пришто наиде на громогласен аплауз од неговите партиски истомисленици.

Во последните осум години од претходната администрација, над 300.000 работни места без згаснати, а во последните три години од актуелната администрација, 3,5 милиони работоспобни луѓе се вратиле на пазарот на трудот.

Како што рече Трамп, компаниите не заминуваат од САД, туку се враќаат назад. Според него САД станаа број еден производител на нафта и природен гас.

Претседателот, акцентирајќи го успехот на економски план, пред двата дома на Конгресот рече дека откако биле затворени 60.000 фабрики од претходните две администрации, Америка отвори 12.000 нови фабрики во последните 3 години.

Како што пишува Гласот на Америка, Трамп во своето обраќање Се осврна на новиот трговски договор со Кина, коишто според него ги штити американските работници, ја заштитува интелектуалната сопственост, и отвара нови пазари за производство и развој во САД.

Стапката на невработеност е најниска во последниот половина век, особено меѓу малцинските заедници, рече Трамп.

За заштита на американската слобода, САД инвестирале рекордни 2,2 трилиони долари во американската армија
Трамп најави нови инвестиции во осовременување на армијата и го истакна формирањето на вселенски сили

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Пожарот е изгаснат 18 часа подоцна, рече Авниев, додавајќи дека самиот аеродром не е оштетен.

Огромен пожар проголта 3.500 автомобили: Пожарникарите 18 часа се бореа со огнената стихија(ВИДЕО)

Пожарот што избувна на тревата околу меѓународниот аеродром во Југозападна Флорида...

Толпата беше толку голема што беше објавено во 7,48 часот, дека паркот го достигна својот дневен капацитет од 20,000 посетители и повеќе нема да ги прима.

КИНЕЗИТЕ ЕДВАЈ ДОЧЕКАА: Туристичките агенции преполни- еве што порачаа емидемиолозите!

Голем број луѓе во Кина ги окупираа популарните туристички места и поголемите градови...

Меркел на прес-конференцијата го најави утрешниот состанокот на Евро-групата на кој ќе се разговара за предлогот на Советот на ЕУ и рече дека Германија ќе биде добро толку колку што ќе биде Европа.

МЕРКЕЛ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Ова е најголемиот предизвик за ЕУ од своето основање!

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ се соочува со најголемиот...

Русија ќе покрие околу 800.000 американски долари во трошок за испраќање на дијагностички алатки во голем број земји, пренесува ТАС.

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Русија донира милион долари на СЗО за борба против КОРОНА!

Русија ќе донира 1 милион американски долари на Светската здравствена организација...