Одлуката на Трамп ги разбесни Курдите и таквиот потег на Вашингтон за нив значи практично сигурно губење на автономијата која ја стекнаа за време на граѓанската војна во Сирија.

Објавил: Македонка Димкин | 8 октомври, 2019 23:04

Трамп под притисок или тактика? Турција ја напаѓа Сирија!

Фото/Текст извор: ©би-би си

Би-би-си пренесува дека Американските сили почнаа со повлекување од североисточна Сирија, со што се отвори патот за воената операција на Турција против курдските бунтовници во оваа област. Ваквиот чекор претставува голема промена во политиката на Вашингтон кон курдските сили, кои имаа клучна улога во поразот на џихадистите од Исламската држава (ИД). Стејт департментот соопшти дека одлуката била донесена по телефонскиот разговор помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Колку за споредба, Трамп во јануари се закани дека економски ќе ја уништи Турција, доколку ги нападне курдските сили, .

» Турција наскоро ќе почне со својата долго планирана операција во северна Сирија. Силите на САД нема да ја поддржат, ниту ќе учествуваат во операцијата, а по поразот на калифатот, американските војници повеќе нема да бидат во областа – се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Сирискиот заменик министер за надворешни работи, Фајсал Мекдад ги повика денес сириските Курди да преминат на страната на владата во Дамаск откако Американците ги оставија на милост и немилост на Турција.
Мекдад ги повика Курдите да ѝ се придружат на сириската армија, а не да потонуваат, мислејќи на очекуваната турска агресија на североитокот на земјата, која има за цел да ги протера борците кои што до пред неколку години го бранеа населението од Исламската држава.
Ова е првата реакција на официјална Сирија на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече американските сили на североистокот на Сирија, односно да им го заврти грбот на најголемите американски сојузници во регионот, сириските Курди.
Одлуката на Трамп ги разбесни Курдите и таквиот потег на Вашингтон за нив значи практично сигурно губење на автономијата која ја стекнаа за време на граѓанската војна во Сирија.

Покрај тоа, Стејт департментот порача дека Турција ќе ја преземе целата одговорност за џихадистите од ИД, што беа заробени од турските сили во изминатите две години.

» Владата на САД изврши притисок врз Франција, Германија и другите европски земји, од каде што потекнуваат повеќето заробени борци на ИД, да ги примат назад, но тие не ги сакаат и одбија. САД нема да ги чуваат повеќе години и тоа по голема цена за американските даночни обврзници – истакна Стејт департментот.

Официјална Анкара соопшти дека Ердоган и Трамп разговарале доцна вечерта во неделата за турскиот план за формирање безбедносна зона во североисточна Сирија. Според канцеларијата на Ердоган, таквиот чекор е потребен за борба против терористите и создавање на неопходните услови за враќање на сириските бегалци во нивната родна земја. Турција е дом на над 3,6 милиони Сиријци што ја напуштија земјата од почетокот на Граѓанската војна во 2011 година. Покрај тоа, Анкара сака да пресели околу два милиони бегалци од својата територија во безбедносната зона.
Во разговорот со Трамп, Ердоган исто така го изразил незадоволството на Турција од американската војска во Сирија и од бирократијата на безбедносните сили, кои, според него, не го прават она што се бара од нив со договорот помеѓу двете земји за безбедносната зона, што беше постигнат во август.

Од друга страна, Сириските демократски сили (СДС), кои се предводени од курдските бунтовници, изразија големо разочарување од таквата одлука на Вашингтон. Тие предупредија дека таквиот чекор ќе има големо негативно влијание врз нивната борба против ИД.
Анкара ги смета силите на сириските курди (ЈПГ) за продолжена рака на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), која повеќе од три децении се бори за курдска автономија во Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Во нередите се запалени многу згради во центарот на градот и градското метро е блокирано.

Во Чиле прогласена вонредна состојба: Насилни протести поради поскапувањето на јавниот превоз(ВИДЕО)

Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во главниот град...