Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2020 10:57

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи од правна одговорност за содржината објавена од нивните корисници.

„Тие имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничат, додаваат, создаваат, кријат, практично ја менуваат секоја форма на комуникација“, рече Трамп пред да го потпише указот.

Тврдејќи дека технолошките гиганти „ги замолчуваат конзервативните гласови“, Трамп пред два дена на Твитер напиша „ние силно ќе ги регулираме или ќе ги затвориме пред да дозволиме да се случи тоа (тишина)“.Во новите натписи, Трамп го обвини Твитер дека се меша во претседателските избори во САД закажани за 3 ноември.Тој рече дека компанијата „целосно ја задушува слободата на говорот а тој, како претседател, нема да дозволи да се случи тоа“.

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

Трамп ја потпиша извршната уредба два дена откако ја критикуваше компанијата Твитер затоа што ги повика корисниците да ги проверат фактите презентирани во две негови објави на социјалната мрежа.

На почетокот, дури се закануваше дека ќе ги затвори социјалните мрежи затоа што Твитер, според него, се меша во неговата политичка порака.

Тој оцени дека проверката на фактите е „уредничка одлука“ на Твитер и политички активизам.

Тоа, како што рече, треба да ги чини овие компании заштита од тужби за она што е поставено на нивните платформи. Новата регулатива, смета тој, ќе ја поддржи слободата на говорот, според АП.

Компаниите како Твитер и Фејсбук имаат заштита од одговорност согласно член 230 од Законот за комуникации затоа што тие се третираат како „платформи“ наместо „издавачи“ кои можат да се соочат со тужба за содржина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Самоизолацијата може да се прекине само по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Германија ги заострува мерките, од денеска задолжителна самоизолација по влез во земјата

Германија ја рангираше Хрватска меѓу земјите со висок епидемиолошки ризик, што значи...

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември

Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани...

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија! Почнувајќи од денеска, 10 октомври,...