Трамп привремено ги запре придонесите на САД во СЗО во април, обвинувајќи ја организацијата за поддршка на кинеската „дезинформација“ кога станува збор за избувнување на епидемијата на вирусот „Ковид-19“, иако официјалните претставници на СЗО ги негираа тие обвинувања, а Кина објави дека е отворена и транспарентна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 10:13

ТРАМП СЕРИОЗНО СЕ ЗАКАНИ НА СЗО: Ви давам 30 дена или ќе го повлечеме членството!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно се закани дека трајно ќе престане да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО) доколку не направи одредени подобрувања во текот на следните 30 дена и рече дека ќе размисли за понатамошно членство на САД во таа организација.

Трамп привремено ги запре придонесите на САД во СЗО во април, обвинувајќи ја организацијата за поддршка на кинеската „дезинформација“ кога станува збор за избувнување на епидемијата на вирусот „Ковид-19“, иако официјалните претставници на СЗО ги негираа тие обвинувања, а Кина објави дека е отворена и транспарентна.

„Ако СЗО не направи значителни фундаментални подобрувања во наредните 30 дена, ќе ја прогласам привремената суспензија на американското финансирање како постојана и ќе го разгледаме нашето членство“, рече Трамп во писмото до генералниот директор на Светската здравствена организација,Тедрос Аданом Гебрејсус.

„Не можам да дозволам  американските граѓани, кои ги плаќаат своите даноци редовно и уредно, да продолжат да финансираат организација која во својата сегашна форма,  очигледно не им служи на американските интереси“, напиша американскиот претседател.

Претходно, Трамп изјави дека СЗО „направи многу тажна работа“ во управувањето со кризата со коронавирусот и дека наскоро ќе донесе одлука за понатамошно американско однесување.

Во писмото, американскиот претседател вели дека е јасно дека Гебрејсус и СЗО ги направиле погрешните чекори во реакцијата на пандемијата, што „го чини многу светот“, и потенцира дека единствениот начин организацијата да напредува е да покаже целосна независност од Кина.

“Мојата администрација веќе започна разговори со вас за тоа како да се реформира организацијата. Но, дејството треба брзо да се преземе. Ние немаме време за губење “, предупреди Трамп во писмото.

Американскиот претседател ја обвини Светската здравствена организација дека е „кинеска марионета“, повторувајќи ги своите критики за начинот на кој организацијата управувала со кризата предизвикана од вирусот „ковид-19“.

Според она што го соопшти Трамп, САД плаќаат околу 450 милиони долари годишно на Светската здравствена организација, додека Кина плаќа само 40 милиони.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оштетени се и капацитетите за пренос на енергија. Како резултат на тоа, огромното мнозинство од потрошувачите останаа без електрична енергија. Недостигот на струја може да влијае и на греењето и снабдувањето со вода“, соопшти министерството.

Безмалку цела Украина е во мрак, речиси сите електрани се затворени

Денешниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина доведе до...

Во моментов во Бали се одржува самит на Г20, а на состанокот на Г7, покрај Бајден, присуствуваа и лидерите на Канада, Европската комисија, Европскиот совет, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Холандија, Шпанија, Велика Британија.

Светските лидери одржаа итен состанок по падот на проектили во Полска

Белата куќа официјално соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен...

Кудрицки рече дека Украина го проследи списокот со опрема што му е потребна на регионот Херсон до меѓународните партнери, од кои Полска и Франција веќе одговорија.

Украина: Русите пред да побегнат ја уништија главната електрана во Херсон

Електраната што го снабдуваше со електрична енергија целиот десен брег во регионот...