„Наместо тоа, ги донесов нашите војници и нашите прекрасни деца дома каде што им е местото“, додаде тој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 март, 2022 5:34

Трамп: Јас бев единствениот претседател кој не ја вовлече Америка во конфликт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека поради него САД биле надвор од војната во текот на четирите години од неговиот мандат.

„Јас бев единствениот претседател во речиси четири децении кој не ја вовлече Америка во конфликт“, рече Трамп на митинг во Јужна Каролина, а насобраната публика го награди со овации.

„Наместо тоа, ги донесов нашите војници и нашите прекрасни деца дома каде што им е местото“, додаде тој.

Трамп рече дека САД треба да ја елиминираат својата зависност од руската енергија и истакна дека стравува дека конфликтот меѓу Украина и Русија може да доведе до Трета светска војна.

„Ако мислите дека Путин ќе престане, нема да престане, ќе станува полошо и полошо“, рече тој на собирот, пренесе Индекс.хр.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – ние не одбиваме да преговараме, туку тие”, рече Путин во интервју за руската државна телевизија.

„Мислам дека дејствуваме во вистинската насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, нагласи Путин.

Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.

„Во сржта на сето тоа е политиката на нашите геополитички противници, кои имаат за цел да ја распарчат Русија, историската Русија“, рече Путин.

„Тие отсекогаш се обидувале да ‘поделуваат и освојуваат’… Нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“.

Путин вели дека Русија е подготвена да преговара за Украина

Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина,...

– Со најголема сериозност ги осудувам неприфатливите акти на насилство и вооружени напади врз косовската полиција и меѓународниот персонал на северот на Република Косово и ги повикувам правосудните институции што поскоро да ги изведат нивните сторители пред лицето на правдата, напиша Мета.

Илир Мета: Ги осудувам неприфатливите акти на насилство

Албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот албански претседател и лидер на Партијата...

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната го отфрлија приемот на Бугарија во Шенген, јавуваат бугарските медиуми. „За“ таквата одлука гласале 25 министри, а против биле двајца

ЕУ донесе одлука: Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија не

Министрите одлучија Хрватска да стане членка на Шенген, пренесуваат хрватските медиуми! Министрите...

Оштетени се и капацитетите за пренос на енергија. Како резултат на тоа, огромното мнозинство од потрошувачите останаа без електрична енергија. Недостигот на струја може да влијае и на греењето и снабдувањето со вода“, соопшти министерството.

Безмалку цела Украина е во мрак, речиси сите електрани се затворени

Денешниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина доведе до...