Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, изјави дека, ако биде потребно, и со свои пари ќе ја финансира претседателската кампања за изборите 2020, на кои ќе се соочи со демократот Џо Бајден.

Објавил: Македонка Димкин | 9 септември, 2020 23:25

Трамп ќе ја финансира кампањата со свои пари!

Фото/Текст извор: ©њујорктајмс

Републиканскиот претседател им кажа на новинарите пред заминувањето за Флорида дека кампањата има на располагање двојно или тројно повеќе пари отколку во 2016, но дека тој ќе даде уште колку и да биде потребно.

„Ќе финансирам, ако треба“, кажа Трамп.

Њујорк тајмс пишува дека Трамповата финансиска надмоќ над Бајден, која ја имаше на почетокот на годината, се стопила и дека од 1,1 милијарда долари, кои неговиот штаб  партијата ги собраа од почетокот на 2019 до јули, повеќе од 800 милиони се потрошени.

Менаџерот на кампањата на Трамп Бил Степиен, кој ја презема функцијата од Бред Парскејл кон средината на јули, им кажа на новинарите вчера дека „внимателно го следи буџетот“.

Степиен кажа дека кампањата ќе располага со повеќе пари отколку на претходните претседателски избори.

Додаде дека штабот е „многу комфорен и самоуверен“ околу трошењето на средствата.

Трамп е роден и израснал во подрачјето Квинс во Њујорк каде што дипломирал економија на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968. Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп“ (англиски: The Trump Organization), каде што моментално е извршен директор и претседател.

За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на Мис САД и Мис Универзум од 1996 до 2015. Доналд Трамп исто така го користи своето презиме со цел да брендира голем број различни производи. Во 2004 година, тој станал водител на Чирак (англиски: The Apprentice), реалити шоу кое што се емитувало на телевизијата NBC од 2004 до 2015 година (сè уште се прикажува како извршен директор на шоуто). Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.

Доналд Џон Трамп (англиски: Donald Trump, роден на 14 јуни 1946) — американски политичар, стопанственик, јавна личност и 45. претседател на САД.

Трамп своевремено бил кандидат на внатрепартиските избори во Реформската партија во 2000 година, но се повлекол пред да започне гласањето.

Тој исто така сакал да се кандидира на претседателските избори во 2012 како кандидат на Републиканската партија, но на крајот се одлучил да не се кандидира. Во јуни 2015 година, тој го најавил своето кандидирање за претседателските избори во 2016, и набргу станал фаворит помеѓу 17. останати кандидати од Републиканската партија. Неговите главни ривали ги откажале своите кампањи во мај 2016, и во јули тој формално бил номиниран за републикански кандидат за претседател на републиканската конвенција. Кампањата на Доналд Трамп добила голема медиумска покриеност како и меѓународно внимание. Голем број од неговите изјави и интервјуа, на социјалните мрежи и на неговите митинзи биле контроверзни. Бројни протести против Трамп се случиле по изборите.

Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум, и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. На полни 70 години, Трамп стана најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи ги Роналд Реган и Џорџ Вашингтон. Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Самоизолацијата може да се прекине само по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Германија ги заострува мерките, од денеска задолжителна самоизолација по влез во земјата

Германија ја рангираше Хрватска меѓу земјите со висок епидемиолошки ризик, што значи...

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември

Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани...

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија! Почнувајќи од денеска, 10 октомври,...