Сметам дека има национализам преку одредени екстремни изјави да се подигне нивото на преговарачкиот процес, да се подигне црвената линија.

Објавил: Стојче Бушин | 11 август, 2020 20:38

Трајанов: До петок ќе му биде доделен мандатот на Заев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов за емисијата „Само вистина“ изјави дека потенцијален мандатор е Зоран Заев и лично тој очекува дека најдоцна до петок да биде доделен мандатот на лидерот на СДСМ и тој да се обиде да формира влада во уставниот рок од 20 дена.

Сметам дека има национализам преку одредени екстремни изјави да се подигне нивото на преговарачкиот процес, да се подигне црвената линија.

ДУИ имаше добра кампања за да биде во центар на внимание со флусколата Албанец премиер и тие инсистираат на тоа по секоја цена, што за мене лично е неприфатливо“, смета Трајанов.

Трајанов, чија партија е дел од коалицијата на СДСМ, смета дека ДУИ се реални и тие знаат дека идејата за премиер Албанец нема да помине.

Таа партија којашто ќе прифати таква уцена мислам дека треба да се избрише од политичката сцена, но тоа нема да го направи ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Без разлика дали е голем притисокот за да се направи влада, таква уцена од ДУИ нема да биде прифатена – вели Трајанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата.

Бесими: Финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено

Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде...

Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува албанците пет пари, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21!

Ахмети: Заев се извини за тоа што ги нарече албанците дека не вредат 5 пари

„Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи“, рече...

Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.

ТАРАВАРИ: Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат

Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат. А сите овие разговори...