Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран во Будимпешта заедно со азилантот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа.
Трајковски исто така е советник и во Гази Баба од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.
СЈО го гони Трајковски за сторено кривично дело насилство, но досега нема побарано мерки за претпазливост, односно не му е одземен пасошот. Тој в понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.
Од 5 декември 2018 година користи боледување, уредно пријавено во согласност со интерни акти на Царинската управа. Исто така, информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа ниту, пак, реализирал службено патување во Унгарија. – велат од Царинската управа.
Неофицијално, Александар Трајковски понеделникот изутрина со лет на „Визер“ заминал за Будимпешта во посета на Груевски. Трајковски постојано беше недостапен на мобилниот телефон, а на “Viber“ кусо ни одговори: „станува збор за грешка“.
Од Царинската управа велат дека ќе ги проверат наводите што се објавени во медиумите, а нивните надлежни служби ќе го испитуваат случајот.
Од МВР не одговaраат на прашања дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски.
Јавното обвинителство вели дека случајот е во предистражна постапка и затоа не може да кажат дали ќе го повикаат Трајковски на распит.
Последно, Трајковски оранизира и протести со слоганот „Слобода за Никола Груевски“ по што достави и барање до претседателот Ѓорге Иванов да запре прогонот што се води врз ВМРО-ДПМНЕ.
Во првите борбени редови на протести, тој беше и во летото 2013 година кога беа организирани насилствата кај општинските бараки на Центар кога се кршеа огради и прозори, се маваше кон советниците и тн.
Тие протести наводно беа против запирање на изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“ на улицата Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.