Со притворот на Миле Јанакиевски и Спире Ристовски и нивното претепување од страна на други затвореници, станува јасно дека власта на Заев го користи притворот како казна и малтретирање, а не како мерка на претпазливост. Истата судбина најверојатно го чека и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, доколку парламентот му го одземе имунитетот и потоа биде однесен во притвор. Наместо владеење на правото, има право на сила и силеџиство!
Вчера за инцидентите во притворското оделение “Шутка“ се огласи и Командант Малишева (Мухамед Красниќи), кој одлежува доживотна казна затвор за убиството на 8 полицајци во терористичката акција во Куманово. Тој ги откри напаѓачите на Јанакиески и Спире Ристовски, кои заедно со него биле дел од терористичката група во “Диво Насеље“, ги пофали и упати јасни закани за секој следен притворен политичар.
Но, јасно е дека се работи за политички монтиран случај. Прво, уште пред 4 месеци обвинитерството зеде исказ од Вељаноски, му го одзема мобилниот и ги обезбеди сите негови комуникации по однос на настаните од 27-Април. И заклучиле дека нема основ да биде обвинет, за сега да го обвинат за истите СМС пораки кои еднаш веќе ги оцениле како несуштински во истрагата. Но, како наближуваат изборите, како растат скандалите на власта со корупција, непотизам и разни скандали, така на Заев му станува се поголема потребата да го дефокусира вниманието на јавноста и да најде нови “злосторници, режимци, нелуѓе“ кои мора да се судат, дека тоа е најбитно за народот и со вакви судко-обвинителски драми да си ги покрие своите неуспеси во економијата и политиката.
Откако власта на сомнителен начин му дозволи на Груевски безбедно да си замине за Будимпешта (се зборува дека за тоа не можеле да не знаат министерот Спасовски и Заев), сега истата власт бара други крупни политички жртви од опозицијата, за врз нив да вежба мускули во притвор и владеење на правото во судница.
Според извори од обвинителството, апсењето на Вељаноски, Јанакиески и Ристовски нема да биде последно. Во месец Март се очекува власта да реализира веќе спремна листа на уште 5-6 апсења на сегашни опозиционери, заедно со веќе нарачаните пресуди кои исто така ќе се изречат против политичари од опозицијата, точно пред претседателските избори. На тој начин Заев се надева дека ќе ја зголеми својата популарност, дека ќе предизвика одредена демотивација кај дел од опозицијата, а на овој начин ќе си ја задоволи веројатно и својата лична желба за одмазда и реваншизам.
Како и да е, очигледно е дека во Македонија принципот на селективна правда и на политички прогон е поважен од принципот на владеењето на правото. А во меѓувреме се надеваме или се залажуваме дека ќе почнеме преговори за членство во ЕУ!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.