Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 април, 2021 14:59

Трајче Заев од Дубаи: Комбето со марихуана не е во сопственост на фирма на Заеви и ниеден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека е на службено патување во Обединетите Арапски Емирати, а дека комбето со марихуана кое го заплени МВР не е во сопственост на фирма на Заеви и ниту еден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви!
 
Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.
 
За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:
 
Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.
Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.
Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, напиша Трајче Заев на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Изразуваме надеж дека нема човечки жртви.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне за пожарот во Тетово

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот...

Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети.

Ахмети: Добивам кобни вести од најблискиот круг, вакцинирајте се!

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку објава на својата...