
Спорт
Тенис
Марко Паники, тренерот на број еден тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на вирусот корона, потврдија од екипата на Новак, јавува српски „Телерграф“.

Биле направени тестовиза корона на 23 тенисери, а од нив тројца се позитивни на корона меѓу кои е и најдобриот хрватски тенисер Борна Ќориќ, дознава „Вечерњи“, но и Кристијан Грох.
Паники, Ќориќ и Грох остануваат во Задар во самизолација.
Уште 19 други тенисери учесници на „Адриа купот“ биле тестирани, но тестовите биле негативни и тие можат да го напуштат Задар.
Имено и покрај тоа што неговиот тренер е позитивен на коронавирус, сепак првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус во Хрватска.
Григор Димитров, еден од тенисерите со кои Ѓоковиќ беше во близок контакт и кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека се заразил.
Сепак Ѓоковиќ истакнал дека не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото се однесува и за другите лица од неговиот тим и околината.
Медицинската служба на Задар им овозможи на тенисерите да си заминат без да поминат тестови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.