Македонија
Вести
– Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“
Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.
„Манифестацијата е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество”, се вели во соопштението испратено до јавноста.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.