
Забава
Интересно
По првиот брак со Маја, од кој ја има ќерката Јана, Министерот за надворешни работи во 2009 година се прежени за Наташа Мачкова со која има три деца, и стави крај на љубовта.

Но изгледа министерот кој пред две години во изборот за Мажи на годината за 2018 во организација на Friday.mk и Моментум ја понесе титулата за маж со најдобар стил сега изгледа има и нова љубов.
48 годишниот министер за надворешни работи Никола Димитров како што дознава „Женски магазин“ има нова љубов и овој пат се работи за новинарка.
Министерот и новинарката Катарина Синадиновска која е новинар во Агенда 35 не ја кријат врската и заедно се појавуваат на настани во Скопје.
Имено министерот зад себе има два брака. Тој денеска не одговарал на мобилниот телефон кога бил контактиран од редакцијата на Женски Магазин но затоа Катарина ја потврдила нивната блискост но не сакала да коментира ништо за приватниот живот.
– Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес – ни изјави кусо Синадиновска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.