На почетокот на видео снимката, која ја направил еден минувач се гледа како детето виси од тераса на зграда во градот Чунгкинг. Детето се обидело да се качи назад на терасата, но тоа никако не му успевало.

Објавил: Весна Петровска | 31 јули, 2019 13:47

Тригодишно дете падна од шести спрат!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Како што јавувва Си Си и Ви, тригодишното дете кое падна од шестиот кат на зграда во Кина е спасено, бидејќи станарите и минувачите развлекоа прекривка и го ублажија неговиот пад, јави кинеската државна телевизија.

На почетокот на видео снимката, која ја направил еден минувач се гледа како детето виси од тераса на зграда во градот Чунгкинг.

Детето се обидело да се качи назад на терасата, но тоа никако не му успевало.

Под него се слушаат повици на група луѓе и се забележува како неколку од нив трчаат напред со прекривка во рацете.

„Прво мислев да го фатам во раце“.

„Го кренав погледот и видов мало дете како виси од терасата. Мојата прва реакција беше да пронајдам нешто со што би го фатил. Прво помислив да го фатам во раце, но сфатив дека од тоа нема да има корист“, раскажува Жу Јанхуи, работник на компанијата која одржува згради во тоа подрачје.

„Ја развлековме прекривката и следевме што се случува со детето. Ја погледнав прекривката и дали можеме безбедно да го фатиме. Единствена моја мисла беше да го спасиме детето“, додаде тој.

Група луѓе стоеја во круг, држејќи ја прекривката и го гледавме детето. Тригодишникот падна од шестиот кат, но покривката го ублажи неговиот пад.

За среќа детет помина без потешки повреди

„помогнав да се развлече прекривката. Десет секунди подоцна, детето падна. Се се случи многу брзо, вели Зоу Ксиаобо, санитарен работник.

Според информациите во медиумите, луѓето кои го спасиле детето биле станари од зградата, обезбедување и санитарни работници. Соседот детето го одвел во болница, а тоа поминало без потешки повреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, на Твитер изјави дека верува дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот извикувал „Алах Акбар“ пред нападот.

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО НИЦА: Обезглавена жена, убиени уште две лица во напад со нож во близина на Нотр Дам

Три лица се убиени во нападот со нож во францускиот град Ница, објави полицијата! Нападот...

Најмалку 23 борци, 10 прорежимски и 13 џихадисти беа убиени во изминатите 24 часа, додаде Опсерваторијата.

ТЕРОРИСТИТЕ НА ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА НЕ МИРУВААТ: 90 мртви во судирите во северна Сирија!

Најмалку 90 борци се убиени во судири меѓу сириските сили и терористичката група Исламска...

Тоа предизвика гнев кај амбасадорот, кој рече дека не доживеал такво нешто во неговата 27-годишна дипломатска кариера.

УКРАИНСКИОТ АМБАСАДОР НАПРАВИ СКАНДАЛ НА ГРАНИЦА СО БЕЛОРУСИЈА: Се заканувал на полицајци и започнал ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА!

Украинскиот амбасадор во Минск Игор Кизим, им се закани на белоруските граничари со...